Logo of museum
Kaledioscope, poster 1

ИЗЛОЖБА

06.03(петок)2020, 12:00 ч.

КАЛЕИДОСКОП

Во рамките на изложбата насловена како “Калеидоскоп“е преточен само дел од досегашното уметничко творештво на младите графички дизајнерки Маријана Иванова и Симона Трипкова. Оваа изложба е дел од меѓународниот проект “КреАрт“ – Мрежа на градови за уметничко творештво (CreArt – Network of cities for Artistic Creation), кој има за цел да им овозможи на младите артисти поголема слобода и мобилност.

Изложбата опфаќа околу триесетина плакатни решенија со кои авторките учествувале или добиле награди на различни светски конкурси, третирајќи најразлични теми.

“Тие низ окуларот на сопствената уметничка естетика прават напори своите идеи за современото секојдневно опкружувње да го пренесат како сублимирана порака на публиката и на тој начин да говорат за девијациите или придобивките на општеството во кое опстојуваме“

Kaledioscope, poster 2

Симона Трипкова

Графички дизајнер

Симона Трипкова е родена на 2 февруари 1992 година во Кичево. Дипломира во 2013 година на универзитетот ФОН на одделот за графички дизајн а во 2016 година магистрира на истиот. Од 2014 година е креативен директор на Скопје постер фестивалот, креирајќи визуелни и промотивни дизајнерски решенија за Скопје постер фестивалот и Меѓународниот студентски натпревар за постери.

Во периодот од 2013-2015 година била предавач за графички дизајн и практична употреба на уреди на факултетот за дизајн и мултимедија при Универзитетот ФОН.

Дел од нејзини проекти и учество во исти:

- Раководител на дизајн, каталог на 7-ми, 8-ми и 9-ти “Скопје постер фестивал“

- Дизајн предлози за највлијателните 50 компании во земјата како дел од проектот “Производство на знаење“

- Публикација – дизајн на монографска книга на модниот дизајнер Изет Цури

- Учество на неколку групни изложби

- Учество на неколку работилници во земјава, потоа во Белград (Р. Србија) и Пловдив (Р. Бугарија).

Kaledioscope, poster 3

Маријана Иванова

Уметник, графички дизајнер

Маријана Иванова е родена на 14 јуни, 1994 година. Дипломира на Националната академија за уметност во Софија 2017 година на одделот за плакати и визуелна комуникација на БФА. Иванова е дизајнер на постери и графички дизајнер кој работи во областите дизајн на постер, книги, илустрации, сликарство, цртање, лого рекламна конструкција.

Соработувала со повеќе локални институции и здруженија за дизајнирање на публикации и рекламни настани. Има учествувано на повеќе од 45 групни изложби и меѓународни натпревари во 15 земји. Ја има претставено својата изложба за самостоен плакат “ИМпостер“ во две институции во земјава.

За своите досегашни достигнувања има добиено неколку награди меѓу кои:

-Втора награда на “V младински пролетен салон“ во Национална галерија на Македонија - Чифте Амам (2012);

-Прва награда за наградниот конкурс “Работа во 2030 година“ – Потсдам, Германија (2018), а нејзиниот плакат за “Тетовирање“ победува во артистичката категорија на конкурсот за плакат организиран од Биеналето за дизајн во Перу, во конкуренција од над 10 000 плакати (2019).


Реализирани Изложби

Лазар Дојчинов

13.02(четврток)2020, 18:00 ч.

Џоломарската игра во селата Ресава и Бегниште

13.01(понеделник)2020, 18:00 ч.