Logo of museum

публикации

Од своето основање или поточно од 1993 година па се до 2018 година Музеј-галеријата се јавува како издавач на поголем број книги, публикации, монографии. Забележителна е работата на историското одделение, но не изостануваат и одделенијата за заштита на култорно нслледство, етнолошкото како и одделението за ликовни уметности.

Во издание на Музеј-галерија и општина Кавадарци се издадени исто така и календар-роковници за 2011, 2012, 2013 , 2014, 2015, 2016 година со значајни дати на јубилеи, личности и настани што се случиле во тековната година.

Листа на книги, монографии, фотомонографии и каталози

  1. Петар Христов Јуруков, војвода и револуционер од Тиквешијата – Петре Камчевски, 1993 год.
  2. Револуционерното движење во Тиквешијата до Балканските војни - Петре Камчевски,1995год.
  3. Тиквешкото востание во 1913 година – Петре Камчевски, 1999 год
  4. Лазо Ридов-Асијата – Петре Камчевски, 2000 год.
  5. Кавадарци во делата на странските патописци – Петре Камчевски, 2001 год.
  6. Револуционерните борби во Тиквешијата - Петре камчевски, Зоран Тодоровски, Цочо Билјарски и Ива Бурилкова, 2001 год.
  7. Спомени на Тодор Поп Антов – Коавторски труд со Државниот архив на Република Македонија, 2002 год.
  8. Тодор Камчев - тиквешки војвода и револуционер – Петре Камчевски, 2002 год.
  9. Никола Минчев – Спомени и материјали – Петре Камчевски, 2002 год.
  10. Монографија за Кавадарци 1944-2004 година – Фруска Костадинова, Петре камчевски, 2004 год.
  11. Селото Ресава низ историјата (монографија) - Петре Камчевски, 2005 год.
  12. Даскал Камче - спомени и материјали – Петре Камчевски, 2006 год.
  13. Мрзен Ораовец (монографија) – Добре Ставров, 2006 год.
  14. Боите на Тиквешијата (кратка монографија за Кавадарци) - Коавторски труд, 2006 год.
  15. Лозарството и винарството во Тиквешијата низ историјата – Петре Камчевски, 2007 год.
  16. Долна Бошава во минатото и денес (монографија) – 2007 год.
  17. Селото Дреново низ вековите (монографија) – Петре Камчевски, 2008 год.
  18. Занаетчиството во Кавадарци - Васил Кимов, Петре Камчевски, 2009 год.
  19. Девет тиквешки великани - Петре Камчевски, 2009 год.
  20. Кавадаречки историски речник - Петре Камчевски, 2010 год.
  21. Вистински приказни за вечни сеќавања - Зорица Тодоровска, 2010 год.
  22. Речник на архаични тиквешки зборови - Александар Панов, 2011 год.
  23. Ваташа (монографија за с. Ваташа) - Петре Камчевски,2013 год.
  24. Тиквешкото востание во 1913 година, второ дополнето издание, - Петре Камчевски, 2013 год.
  25. Намерници (монографија за с.Клиново) - Петре Камчевски, 2013 год.
  26. Кавадарци низ објективот на старите фотографи - Јадран Манчев, Петре Камчевски,2014 год.
  27. Цркви и манастири во кавадаречко - Весна Ѓеоргиева, Петре Камчевски,2016 год.
  28. Музеј-галерија 1976 - 2016 (фотомонографија) - Томе Крстевски, Петре Камчевски,2016 год.
  29. Спомени на Љупчо Шкартов - Интервјуа на Блаже Чулев, подготвил Петре Камчевски, 2017 год.
  30. Курбан Бајрам кај Ромите муслимани (брошура) - Томе Крстевски, 2017 год.
  31. Ризница со ликовни дела (Фотомонографија) - Весна Ѓорѓиева, Трајче Цветков, 2018 год.