Logo of museum
Mario Vilhar otovranja na izlozba 1976, fotografija na Branko Ivanovski

Музеј-галерија од Кавадарци како институција од областа на културата е основана со одлука на Собранието на општина Кавадарци на 7.09.1973 година. На 6-ти септември 1976 година, со отворањето на ликовната изложба на словенечкиот сликар Марио Вилхар официјално почнува со работа.

Музеј-галеријата е институција отворена за јавноста, има едукативна улога, со цел да развива интерактивна комуникација со посетителите, и преку презентација на движното и недвижното наследво да привлекува поширока публика.

Во склоп на музејот делуваат археолошко, етнолошко, историско одделение, одделение за заштина на споменици на културата, оддел за историја на уметност и галерија каде годишно се случуваат десетина изложби, спомен соба на Васил Хаџиманов, спомен соба на Никола Бадев.

Музејот исто така има и неколку постојани поставки: археолошка, етнолошка, историска поставка и поставка за традиционална подготовка на храна и вино.

Photography of glass item, Roman period

Археолошко одделение

Археолошкото одделение во Музеј-галерија Кавадарци е формирано во 1976 година заедно со формирањето на Музејот. Основна дејност на архролошкото одделение е истражување, прибирање, документација, презентација и публикација на археолошкиот материјал, кој континуирано е прибиран по пат на теренски истражувања (рекогносцирање и ископувања), подарок или откуп.

Во склоп на Музеј-галеријата има две постојани археолошки поставки и тоа: Лапидариумот во дворот на Музејот и постојана поставка од предмети за лов, обработка и користење на храна и пијалоци.

Во Археолошкиот дел во музејот се изложени предмети од нашето подалечно минато, кои служеле за лов, за обработка и консумирање на храна и тоа: камени секирки, стрели, паници, чаши, грниња, стомни, амфори, питоси и др. Изработени се од различен материјал (камен, керамика, дрво, метал и стакло). Овие артефактите потекнуваат од 10-тина различни археолошки локалитети во општина Кавадарци како што се: “Белград“ - Кавадарци, “Чаковец“ - с.Ресава, “Градот“ - Тиквешко езеро, “Градиште“ - с.Глишиќ и др.

Временското датирање можеме хронолошки да го следиме од неолит, преку бронзено и железно време, архајскиот, античкиот, се до доцниот римски период. Сите овие археолошки предмети претставуваат неоспорлив доказ за едно минато, траен белег и непроценливо богатство со кој се одликува овој наш тиквешки крај.

Photo of traditional macedonian room, 18 century

Етнолошко одделение

Етнолошкото одделение како оддел на Музеј-галеријата исто така дава голем придонес во зачувувањето на движното културно наследство во овој крај, а има организирано и неколку истражувачки проекти со цел да се афирмира етнолошкото богатство на тиквешкиот крај.

Преку истражувачката дејност, покрај прибирање податоци за материјалната и духовната култура од теренот за населбите и населението, големо значење се придава на прибирањето на секаков вид етнолошки материјал, што се употребувал во секојдневниот живот на луѓето од овие простори.

Како состевен дел од етнолошкото одделение е и постојанта етнолошка поставка која ја отсликува традиционалната селска куќа со предмети за производство и обработка на храна, предмети за секојдневни активности, занаетчиски алати но и народни носии. Тиквешките народни носии ги имаат каракеристиките кои спаѓаат во Мариовскиот етнички предел, поточно Горно Мариово како етнички подпредел.

Овие предмети биле значаен дел од инвентарот на покуќнината во секојдневното живеење на населението во Тиквешијата, а потекнуваат од почетокот на 18 век, па се до првата половина на 20 век.

photo of Strasho pindzur and Friend before his dead

Историско одделение

Една од основните задачи на историското одделение е прибирање, заштита и презентирање на предмети, документи, фотографии и материјали од областа на историјата на општина Кавадарци. Историското одделение организира и презентира постојани и повремени изложби на личности и настани од нашата подалечна и поблиска историја.

Една од значајните активности на историското одделение е богатата издавачка дејност на книги, монографии и публикации за личности и настани од историското минато на народот од овој крај.

Во склоп на историското одделение функционираат пет спомен соби меѓу кои : Спомен соба народниот херој "Страшо Пинџур" во Ваташа, Спомен соба на Првата македонска дивизија во с. Шешково, Спомен соба на тиквешкиот партизански одред “Добри Даскалов“ во селото Бојанчиште, Спомен соба на "Васил Хаџи Манов" и како најново отворена е Спомен соба на "Никола Бадев.

Conservation of Cave church St.Lazar

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА

Кавадарци е град со огромно културно наследство од сите свери на човечкото духовно битисување. Во неговиот потесен и поширок простор има значителен број на средновековни споменици од кој позначајни се: Полошкиот Манастир – црква Св. Ѓорѓи од 14 век, Црквата во село Дреново од 15 век, црквата Св.Спас во село Праведник од 1625 година, пештерните цркви Св.Лазар во село Бегниште и Св.Никола во село Драдња позната како Маркова пештерна црква кои датираат од 14 век и многу други.

Со формирањето на Музеј-галеријата во функција е и одделението за заштита на споменици од културата (движно и недвижно) кое се грижи за заштита, чувањe, презентација и проучување на ова наше национално богатство и е во директна комуникација со Националниот конзерваторски центар (НКЦ) – Скопје, бидејќи Музејот не располага со лабараторија и простор за соодветни конзерваторски-реставраторски работи.

A painting from Petar Mazev, pioneer of macedonian modern art

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЛИКОВНА УМЕТНОСТ - ГАЛЕРИЈА

Во Музеј-галеријата Кавадарци има реализирано повеќе од 300 изложби на уметници од Македонија, поранешна Југославија но и пошироко> свои самостојни изложби имале скоро сите позначајни ликовни уметници од македонија како Петар Мазев, Борко Лазевски, Димче Коцо, Димитар Кочовски, Зафир Хаџи – Митрев, Глигор Чемерски, Ана Темкова, Симон Шемов, Тоде Ивановски, Љубомир Белогаски, Васко Ташковски, Стефан Хаџи Николов и др.

Во галеријата свое деби имале сите ликовни уметници од Кавадарци и Тиквешијата.

Паралелно со тоа се формира и солидна збирка на ликовни дела, работени во различни технки и технлогии како масло, акварел , темпера, ситопечат, акрил, метал, керамика, гипс, дигиталани принтови, фотогртафии и која до денес брои над 150 дела. Збирката поседува автентични уметнички остварувања , креирани повеќе од шест децении, на домашни и странски автори.

Како резултат на тоа музеот ја издаде последната публикација насловена како РИЗНИЦА НА ЛИКОВНИ ДЕЛА истата имаше промоција на 7 ми септември 2018 каде беа изложени најпрепознатливите и најдобрите остварувања.

Portrait of Vasil Hadzimanov, Macedonian ethno-musicologists

Спомен соба на Васил Хаџиманов

Васил Хаџиманов е роден 14.01.1906 година Во Кавадарци, и е еден од најголемите македонски етномузиколози, мелографи и промотори на македонската народна музика и фолклор. Потекнува од угледно кавадаречко семејство. Завршил нижа гимназија во Кавадарци, а гимназија во Велес и Скопје. Во 1935 година станал магистер по фармација, а во 1956 година дипломирал на Музичката акдемија во Скопје.

Со нотно запишување на народни песни започнал во 1927 година. За време на својот живот собрал околу 8000 македонски народни песни, 800 албански, 500 тажалки и сите нив успеал да ги сочува од времето на заборавот.

Во спомен собата на Васил хаџиманов се наоѓаат неговите лични предмети но и инструменти: пијано, лаута (жичен музички инструмент), двоглав кавал (дувачки инструмент), даире, тамбура, зурла, магнетофон (теренски со кој ги запишувал песните) ... Васил Хаџиманов умре во Скопје на 16.12.1969 год. на 63 годишна возраст.

Спомен собата на Васил Хаџиманов е отворена е на 13 септември во 2013 година.

Nikola Badev with his band

Спомен соба на Никола Бадев

Никола Бадев е исклучителна личност, интерпретатор кој високо ја крена и прослави македонската народна песна и со тоа остави неизбришливи траги. Роден е 1918 година во село Глишиќ – Кавадарциии и уште како млад скришум свирел на виолина. Неговиот вујко Васил Неделков е заслужен за неговото почетно музичко образование, кој свирел неколку инструменти и бил самоук. Во 1948 година веднаш по аудицијата за млади таленти Бадев дебитира на програмата на Радио Скопје со што започнува неговата блескава кариера. Неговото вклучување во ансамблот на Радио Скопје му помага да го дооформи неговиот исклучителен глас, а во има помош и од музикологите Васил Хаџиманов и Живко Фирфов.

“Тешка беше нашата разделба” e неговиот прв сингл, издаден за Југотон. Во текот на својата долгогодишна кариера има снимено повеќе од 200 песни и 100 грамофонски плочи. Почина во Скопје на 25 септември 1976 на 58 годишна возраст.