Logo of museum
Dzolomari, Dance by Fire, by Jadran Manchev

ИЗЛОЖБА

13.01(понеделник)2020, 18:00 ч.

Џоломарската игра во селата Ресава и Бегниште

Во верувањето кај македонскиот народ посебно важно место има периодот од Божиќ до Водици, од раѓањето на Исус Христос до неговото крштевање. Кај нас овие денови земаат големо значење, најчесто во селските средини каде се одржуваат обичаи кои имаат длабоки корени. Познати се под името Пагански обичаи, односно период исполнет со религиозен страв и разни магиски заштити.

Терминот Паган доаѓа од латинскиот збор ,,паганус,, што во првобитното значење ,,рурален,, ,,селски,, или ,,на селото,, ако го толкуваме како придавка. Но, ако го толкуваме како именка ,,паганус,, се означува како ,,селски жител,, или ,,селанец,,. Тоа е религија на почитување на природата, славењето на Мајката земја, на годишните времиња и воопшто на целата природа.

Dzolomar, Masking, by Jadran Manchev

Најчесто паганизмот се среќавал во селата, меѓу селското население. Доказ за тоа е обичајот на ,,Џоломарите,, од селата Ресава и Бегниште, но истовремено и практикување на овој обичај во селата Дреново и Сопот во овој Етнички предел Тиквеш.

,,Џоломарската игра,, е позната низ цела Македонија,но во зависност од тоа каде се одржува овие обичаи имаат различни имиња: Џаламари , Џоломари, Џамалари, Бабари, Суровари, Василичари,Русалии и сл.

Се смета дека овие маскирани групи се организираат со цел да ги избркаат лошите духови што шетале во 12 некрстени денови од Божиќ 7 Јануари, па до Богојавление 19 Јануари. Се е во контекст на раѓањето на Исус Христос и неговото крштевање кое се случило на 13 годишна возраст. Според народните верувања тогаш шетаат разни вештерки,вампири,чума,колера и др.

Dzolomari, Photo with bride, by Jadran Manchev

Исто се верува дека и водата е опседната од овие духови, таа е леунка-немоќна некрстена, крстот е врзан и нема сила во овие денови да помогне да ги прогони.

Нивните ритуални игри се проследени со драмски и комични елементи исполнети со магиски дејства кои имале за цел да го истераат лошото, а истовремено да донесат бериќет и благосостојба за годината што настапува како во семејството така и на земјоделските површини.

Зборот Џоломар го среќаваме само во овој етнички предел Тиквеш. Од истражувањето и разговорите со мештаните за зборот Џоломар немаат некакво објаснување, така било и така останало. Но, истовремено и Етимологијата како наука не го познава зборот Џоломар.

Dzolomar, Portrait, by Jadran Manchev

Џоломарите од овој етнички предел заедно со цврстите закони на маскирањето,во кое нема импровизации, се е во својата изворна форма со векови и ништо не смее да се менува.

Џоломарската игра во селата Ресава и Бегниште“ e изложба на околу 80 фотографии, претставени на 40 паноа, од Тоше Огњанов, Цветанка Темова Илова, Сашко Илов-Дете, Јадран Манчев, и од колекцијата на етнолошкото одделение на музејот.

Автор на изложбата, концепт, избор и селекцијата се на Томе Крстевски, кустос-етнолог.


Реализирани Изложби

Лазар Дојчинов

13.01(понеделник)2020, 18:00 ч.

КАЛЕИДОСКОП

13.01(понеделник)2020, 18:00 ч.