Logo of museum
Dojcinov, Photo with grape and wine

ИЗЛОЖБА

21.01 (петок ) 2021, 12:00 ч.

Јануарски празници и обичаи во Тиквешијата

Народ се велит људи који се од еден род и који зборујет еднаков збор и који живувајет и се другарат едни со други и који имејет једнакви обичаји и песни и весеља.“

(Ѓорѓија Пулевски 1817-1893)

Dojcinov, Photo with grape and wine

Празнувањето претставува општочовечка особина. Луѓето секогаш сакале и имале потреба да празнуваат.

Обичаите и празниците кај Македонците ја исполнуваат целата година, надополнувајќи се според утврден редослед и воспоставен поредок.

Јануари е месец со најзначајни поголеми празници кои се празнуваат пропратени со одредени верувања и обичаи.

Обичаите и празнувањата не се константни, тие се жива материја која се менува и видоизменува.  Своја улога во тоа има и модерниот живот и во различни етнографски целини помалку или повеќе се разликуваат обичаите, но сепак датите на кои се празнуваат сите православни празници се насекаде исти.

Dojcinov, Photo with grape and wine

Кај дел од празниците е претставена народната димензија, а исто така свое место има и офоцијалното христијанско учење.

На оваа изложба се претставени јануарските празници, празнувањата и обичаите во етнографскиот предел Тиквешија преку призмата на икони, фотографии и етнолошко катче.


Реализирани Изложби

Џоломарската игра во селата Ресава и Бегниште

13.01(понеделник)2020, 18:00 ч.

КАЛЕИДОСКОП

13.01(понеделник)2020, 18:00 ч.